• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на турскиот парламент Шентоп во приватна посета на Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп во приватна посета на Струмица
Струмица, 23 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил, кој со гостинот од Турција се сретнал при посетата на Орта Џамија во Струмица. -Огромна чест за Струмица е приватната посета на претседателот на Турскиот Парламент господин Мустафа Шентоп. Го одржуваме пријателството помеѓу турскиот и македонскиот народ, напиша Костадинов. Шентоп го посети Турското маало во Струмица, а присуствуваше и на петочниот намаз во џамијата во ова маало. рт/хс/

Остани поврзан