• недела, 22 декември 2024

Претседателот на ССК Трајан Ангелоски на прославата 105 години од основањето на Стопанска комора на Војводина

Претседателот на ССК Трајан Ангелоски на прославата 105 години од основањето на Стопанска комора на Војводина

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Стопанската комора на Војводина прослави 105 години постоење и работа. На свеченоста која се одржа во Конгресниот центар на Новосадскиот саем присуствуваше делегација на Сојуз на стопански комори (ССК), предводена од претседателот Трајан Ангелоски.

-Историјата е таа што докажува дека сме можеле да се обединиме низ вековите, бидејќи поединецот, колку и да е успешен, ја нема силата на обединета економија, изјави претседателот на Стопанската комора на Војводина Бошко Вучуревиќ.

Според Ангелоски, во текот на своето постоење ССК се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации со регионот и на меѓународно ниво.

-Да бидеме глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст  и економската стабилност на Македонија, партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење, истакна Ангелоски.

Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите.Вмрежувањето е клучен сегмент во изградбата на меѓусекторска соработка и интернационализација на бизнисите.

На свеченоста беа доделени награди и признанија на најуспешните компании од областа на земјоделството, индустријата и услугите. мч/дма/

фото: ССК

Остани поврзан