Претседателот на Сенегал прогласи неработен ден во земјата во чест на победата на репрезентацијата во Африканскиот куп
- Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата.
Дакар, 7 февруари 2022 (МИА) - Сенегалскиот претседател Меки Сал го прогласи понеделник, 7 февруари, за неработен ден во земјата.
Причината е победата на репрезентацијата во Африканскиот куп.
Оваа одлука политичарот ја донел, бидејќи денес селекцијата на Сенегал ќе се врати во Дакар.
Сали го откажа последниот дел од дипломатското патување за лично да го поздрави тимот.
Сенегал синоќа на пенали го победи Египет со 4:2 во финалето на Африканскиот куп во Камерун. Сенегалеците за прв пат во историјата станаа фудбалски шампиони на Африка. зс/