• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Рајо: Договорот за Хамес е како оној на Наполи за Марадона

Претседателот на Рајо: Договорот за Хамес е како оној на Наполи за Марадона

Мадрид, 27 август 2024 (МИА) - Претседателот на Рајо Ваљекано, Мартин Преса, го спореди трансферот на Хамес Родригез со оној на Диего Марадона во Наполи во 1984 година. Вчера шпанскиот клуб го објави потписот на колумбиската ѕвезда, кој беше слободен играч. Преса откри дека Радамел Фалкао, кој играше за клубот до летото, помогнал да се оствари зделката.

-Му се јавив пред еден месец. Имаме заеднички пријател во Радамел Фалкао. Разговаравме какви се можностите, иако на почетокот изгледаше тешко, но успеавме да направиме нешто историско за Рајо Ваљекано - да го донесеме најдобриот играч на Копа Америка. Ние сме скромна, но амбициозна екипа, како Наполи кога го доведоа Марадона. Оттогаш никој не постигнал такво нешто, изјави претседателот на шпанскиот клуб.

Преса објасни дека клубот нема да брза да го внесе Хамес во игра бидејќи играше во финалето на Копа Америка на 14 јули.

-Поминаа пет недели откако играше во финалето на Копа Америка и беше на одмор. Нема да ја ризикуваме неговата сезона со тоа што ќе го пуштиме во игра прерано. Мораме внимателно да му пристапиме. Тој е како возач во Формула 1 и мора да издржи цела сезона, истакна Преса. дс

Фото: Х/Рајо Ваљекано

Остани поврзан