• четврток, 21 ноември 2024

Претседателот на Претставничкиот дом: Женските и машките тоалети во Капитол ќе се користат за полот за кој се наменети

Претседателот на Претставничкиот дом: Женските и машките тоалети во Капитол ќе се користат за полот за кој се наменети

Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајкл Џонсон денеска изјави дека сите женски и машки тоалети во Капитол ќе се користат само по полот за кој се наменети.

Конгресменката од републиканците Ненси Мејс предложи тоа да биде услов откако пред неколку недели беше избрана првата трансродова членка на Претставничкиот дом, демократката Сара Мекбрајд (34).

„Важно е да се напомене дека канцеларијата на секој конгресмен има свој тоалет, а одделни машки и женски тоалети се достапни низ целиот Капитол“, рече Џонсон.

Претходно оваа недела, претставничката Ненси Мејс, верен сојузник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, предложи резолуција со која ќе им се забрани на трансродовите жени да користат женски тоалети во Капитол. зш/

Остани поврзан