• сабота, 06 декември 2025

Претседателот на Парламентот, Гаши, му го честита изборот на албанскиот колега, Пелеши

Претседателот на Парламентот, Гаши, му го честита изборот на албанскиот колега, Пелеши

Дебар, 13 септември 2025 (МИА) - Претседателот на македонскиот Парламент Африм Гаши, му го честиташе изборот на неговиот албански колега, Нико Пелеши.

- Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки по повод изборот на  Нико Пелеши, за  претседател на Собранието на Република Албанија. Убеден сум дека за време на мандатот на господин Пелеши уште повеќе ќе се продлабочат одличните пријателски и братски односи меѓу нашите земји, изградени врз заемна почит и соработка, наведува Гаши во објава на Фејсбук, што ја пренесуваат медиумите.

Со нетрпение очекувам, наведува понатаму, да ја зајакнеме меѓупарламентарната соработка и да работиме заедно за унапредување на нашите заеднички евроинтеграциски аспирации, регионалната стабилност и демократскиот развој.

- Ви посакувам успех во извршувањето на Вашата важна должност и ја изразувам мојата подготвеност за негување на блиско партнерство меѓу нашите два парламента, наведува Гаши.

Нико Пелеши, од Социјалистичката партија, вчера доцна попладне, беше избран за прв парламентарец на новиот албански законодавен дом, кој произлезе од изборите на 11 мај. вт/лв/

 

Остани поврзан