• петок, 17 април 2026

Претседателот на Либан одбил да разговара со Нетанјаху

Претседателот на Либан одбил да разговара со Нетанјаху

Каиро, 16 април 2026 (МИА) – Либанскиот претседател Џозеф Аун одби да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека лидерите на Израел и Либан денеска ќе разговараат за прекин на конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан, која е поддржана од Иран.

Претставник на либанската влада, чие име не е наведено, изјави дека состанокот меѓу Аун и Нетанјаху бил одбиен за време на разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио и дека Вашингтон „го разбира ставот на Либан“.

Канцеларијата на Аун го потврди разговорот со Рубио, но не ја спомена можноста за разговор со Нетанјаху. јт/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан