• петок, 05 декември 2025

Претседателот на Кенија предупредува на обид за соборување на владата по насилните протести

Претседателот на Кенија предупредува на обид за соборување на владата по насилните протести

Најроби, 9 јули 2025 (МИА) – Кенискиот претседател Вилијам Руто денеска предупреди на обиди за „соборување“ на неговата влада со „неуставни средства“, откако 31 лице загина за време на насилните антивладини протести низ целата земја.

Руто тврди дека протестите, кои почнаа поради економски проблеми, корупција и полициска бруталност, биле спонзорирани со цел да предизвикаат хаос и да ја соборат власта пред 2027 година.

Тој, исто така, наведе дека секој напад врз полицијата ќе се сфати како „објава на војна“, додека групите за човекови права повикаа на одговорност за смртта на демонстрантите, а ОН повикаа на решавање на причините кои доведоа до протестите.

- Оние кои напаѓаат Кенијци, полицајци, безбедносни објекти и бизниси се терористи. Ваквите криминални дејства се објава на војна. Нема да дозволиме нашата земја да биде уништена од ретроградни елементи кои бараат скратени патишта за да дојдат на власт, напиша Руто на Х.

Протестите, кои почнаа уште во јуни минатата година поради предложеното зголемување на даноците, предизвикаа широко незадоволство меѓу граѓаните, пишува весникот „Дејли Сабах“. Организациите за човекови права ја осудија „бруталноста“ на кениската полиција кон демонстрантите, додека властите повикаа на воздржаност и смиреност.

Кенија се соочува со растечко незадоволство поради владината економска политика, која поттикна зголемување на даноците со цел да се помогне во отплатата на државниот долг, што дополнително ја влоши ситуацијата. јт/

Остани поврзан