• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Најроби, 26 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. ми/

 

Остани поврзан