• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на иранскиот Парламент позитивен на Ковид-19

Претседателот на иранскиот Парламент позитивен на Ковид-19
Техеран, 2 април 2020 (МИА) - Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани е позитивен на коронавирусот, соопшти иранскиот Парламент. Лариџани е највисок функционер во Иран кој е позитивен за вирусот. Во соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот Парламент се вели дека Лариџани примил терапија во карантин. Иранскиот министер за здравство објави денеска дека уште 124 луѓе починале од коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи во државата достигна 3.160.

Остани поврзан