• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Естонија бара укинување на ограничувањата за украинските ракети

Претседателот на Естонија бара укинување на ограничувањата за украинските ракети

Талин, 17 септември 2024 (МИА) - Украина мора да добие дозвола да ги користи западните ракети без ограничувања, изјави денеска претседателот на Естонија Алар Карис.

Тој, исто така, оцени дека „сите црвени линии“ мора да се преминат и Русија мора да биде протерана од Украина.

- Мирот може да биде постигнат само под украински услови, изјави Карис за „Киев Индепендент“.

- Нашата позиција е многу јасна: треба да се укинат ограничувањата за употреба на оружјето што го добива Украина од западните земји за да можат да ги целат дроновите на нивна територија (во Русија), изјави Карис, чија земја граничи со Русија. - Кога ќе се случи ова, дроновите нема да стигнат до Украина, Летонија или некоја друга земја, додаде тој.

Дали да ѝ се дозволи на Украина да користи западни ракети со долг дострел против Русија е дел од актуелната меѓународна дискусија.

Се очекуваше дека премиерот на Обединетото Кралство, Киер Стармер, ќе го разгледа овој чекор при средбата со Џо Бајден во Белата куќа во петокот. Средбата заврши без дадено ветување.

Украина долго време инсистира дека треба да ѝ биде дозволено да користи оружје што може да ги погоди целите длабоко на руска територија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан