• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и министрите на Емануел Макрон ја поздравуваат „мобилизацијата“ на Французите

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и министрите на Емануел Макрон ја поздравуваат „мобилизацијата“ на Французите
Париз, 24 април 2022 (МИА) –Од штабот на Емануел Макрон на Полињата т на Марс, Жан-Ив Ле Дриан, шефот на дипломатијата го изразува своето „големо задоволство“: „Тоа е пред се силата на мобилизацијата на Французите за одржување на нашите вредности и фактот што Французите не сакаат Франција која се намалува“, јави дописникот на МИА. - Дали Емануел Макрон ќе има корист од моментумот? „Тој секогаш го имаше... а постои и тоа дека екстремната десница не ја презеде земјата, изјави Ерик Дупон-Морети, министерот за правда, поздравувајќи ја победата на Макрон. А потоа сега следат и парламентарните избори, некои веќе почнаа со кампања и пред вториот круг. Видно трогнат, министерот за правда потврд „дека е среќен, бидејќи ова е првпат претседател во заминување да биде реизбран под овие услови, со општо гласање, без соживот“. На Франс 2 беше испрашуван и Клеман Бон, државниот секретар задолжен за европски прашања: „Има радост, задоволство, има политичка борба против екстремната десница, тоа е чиста победа, значителен јаз. Но, тоа исто така значи дека ќе мора да продолжиме да работиме за да ја зближиме земјата кога ќе ја видиме екстремната десница на повеќе од 40 отсто“. Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, на Твитер го поздрави реизборот на Емануел Макрон. „Во овој турбулентен период ни треба силна Европа и Франција целосно посветена на посуверена и постратешка Европска унија“, напиша тој. тг/ссм/

Остани поврзан