• понеделник, 25 ноември 2024

Претседателот на Бугарија од утре во дводневна посета на Косово

Претседателот на Бугарија од утре во дводневна посета на Косово

Приштина, 21 декември 2023 (МИА)  -  Во дводневна посета на Косов утре ќе пристигне бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесе Бета.
Османи, ќе го прими претседателот Радев со државна свеченост со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Ибрахим Ругова“, се наведува во соопштението.

По средбата Османи и Радев ќе одржат заедничка прес-конференција.

Засега нема информации со кого друг ќе се сретне бугарскиот претседател при посетата на Косово. зш/

Остани поврзан