• среда, 13 ноември 2024

Претседателот на Аргентина и неколку министри во самоизолација

Претседателот на Аргентина и неколку министри во самоизолација
Буенос Аирес, 12 ноември 2020 (МИА) - Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез и неколку министри во Владата се во самоизолација откако беа во контакт со лице заразено со коронавирус, соопшти денеска аргентинската Влада. „Фернандез е негативен на тестот, но тој, сепак, ќе остане во самоизолација“, се наведува во соопштението. Се додава дека министрите за внатрешни и за надворешни работи, како и министерот за родова еднаквост, сè уште ги чекаат резултатите од тестот. Претседателот и министрите биле на состанок со секретарот на Претседателството за стратешки прашања, Густав Белис, кој беше позитивен на тестот. Аргентина е меѓу најтешко погодените земји со коронавирусот, со 1,27 милиони заразени и 34.531 смртни случаи. паг/  

Остани поврзан