• вторник, 19 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска, информираат од Кабинетот на Претседателката.

Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, заедно со Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

-Моите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период. Нека почива во мир, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска (од 2007 до 2014 година) почина вчера во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија - За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина, информираа синоќа од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. аа/

Фото: Кабинет на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан