Претседателката Сиљановска-Давкова на традиционалниот празничен ручек кај архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја прифатила поканата на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан да биде дел од прославата и празничната трпеза по повод неговиот именден – празникот на светиот првомаченик, архиѓакон Стефан.
Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја прифатила поканата на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан да биде дел од прославата и празничната трпеза по повод неговиот именден – празникот на светиот првомаченик, архиѓакон Стефан.
- Покрај искрените честитки, таа му посака добро здравје и изрази желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
За време на прославата, на која биле присутни носителите на највисоките државни функции, била потенцирана важноста на духовната сплотеност и заедништво во градењето, застапувањето и одбраната на националните интереси. цр/ев/
Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова