• вторник, 10 март 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во  Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ на местото на некогашниот нацистички логор во Треблинка во окупирана Полска. 

Како што информира Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7144 македонски Евреи депортирани во логорот на смртта во март 1943 година.

Во македонската делегација предводена од Сиљановска-Давкова се и амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница.

За време на посетата на Полска, претседателката во Варшава ќе положи венец пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето и ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

-Сиљановска-Давкова е прв македонски претседател којшто ќе го посети Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ по повод одбележувањето на Денот на депортацијата на македонските Евреи, наведува Кабинетот во соопштение. фф/хс/ 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан