Претседателката на Непал го распушти Парламентот и најави нови избори во ноември
- Претседателката на Непал, Бидја Деви Бхандари го распушти Парламентот и донесе одлука изборите да се одржат во ноември
Катманду, 22 мај 2021 (МИА) - Претседателката на Непал, Бидја Деви Бхандари го распушти Парламентот и донесе одлука изборите да се одржат во ноември.
Првиот круг од парламентарните избори предвидено е да се одржи на 12, а вториот круг на 10 ноември.
Одлуката на Бхандари уследи откако ниту привремениот премиер Шарма Оли, ниту лидерот на опозицијата Шер Бахадур Деуба не успеаја да формираат мнозинство за нова влада во предвидениот рок.
Парламентот на Непал беше распуштен во декември 2020 година, што доведе од доведе до повеќенеделни протести, а Врховниот суд одлуката за распуштање ја прогласи за неуставна.
Политичките партии се уште не ја коментирале одлуката на претседателката Бхандари. ми/