• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката на ИТТФ во посета на Пингпонгарската федерација на Северна Македонијa

Претседателката на ИТТФ во посета на Пингпонгарската федерација на Северна Македонијa
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) – Претседателката на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ) Петра Сорлинг во текот на посетата на нашата држава по повод одржувањето на Собранието на Европскиот Олимписки комитет,  оствари работна вечера со претседателот на Пингпонгарската федерација на Северна Македонија (ППФСМ), Горан Тиловски. - На средбата, Тиловски ја запозна гостинката со тековните активности на федерацијата со посебен осврт на организацијата на претстојниот турнир од светската серија на младински турнир за најдобрите 30 светски играчи кој ќе се одржи во Скопје во септември годинава. Дополнително, со Сорлинг се договорени идните активности за поддршка на ППФСМ во делот на развој на млади играчи и поддршка на развој на тренерскиот кадар. Од страна на претседателката на ИТТФ беше изразено задоволство за активностите на нашата федерација и активност на светската мапа на пинг-понгот со дадена поддршка за понатамошен развој, соопштија од ППФСМ. Сорлинг ја прифати поканата од претседателот Тиловски, за посета на турнирот од светската младинска серија кој ќе се одржи во Скопје во септември. зс/

Остани поврзан