• петок, 22 ноември 2024

Претседателите на Јувентус и на Лацио се расправаа за коронавирусот на состанокот за судбината на Серија А

Претседателите на Јувентус и на Лацио се расправаа за коронавирусот на состанокот за судбината на Серија А
Рим, 25 март 2020 (МИА) - Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, и првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, влегоа во расправија за време на состанокот за судбината на сезоната 2019/2020 во Серија А. На средбата се разгледуваше и можноста за предвремено прекинување на првенството, пренесува „Тутопорт“ . - Дали сте ги виделе податоците? Епидемијата се повлекува! Ова го знам затоа што комуницирам со експерти кои се во првите редови, а не со докторите на фудбалските клубови, рекол Лотито. На ова, Ањели одговрил: - Па, се разбира, сега станавте искусен виролог. Јувентус и Лацио се двете првополасирани екипи во моментот на прекин на првенството во Италијанското фудбалско првенство. зс/

Остани поврзан