• недела, 05 мај 2024

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Скопје, 27 април 2024 (МИА) - Приведен 32-годишен штипјанец во чиј дом полицијата вчера пронашла дрога.

- На 26.04.2024, по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и полициски службеници од Полициската станица при СВР Штип го лишиле од слобода Б.М.(32) од Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага, информираат од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување. ир/ев


Фото: МИА архива

Остани поврзан