• четврток, 04 јули 2024

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој, кај кого е пронајдена дрога.

Како што соопшти МВР, денеска во периодот од 7:30 до 8:30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.

Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок. дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан