• среда, 02 октомври 2024

Претрес во струмичкото село Василево, пронајдена дрога

Претрес во струмичкото село Василево, пронајдена дрога

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) -  Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 9:00 часот во струмичкото село Василево го лишиле од слобода Б.Б.(51).

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

 
 

 

 

Остани поврзан