• сабота, 23 ноември 2024

Претрес во Охрид, приведен дилер

Претрес во Охрид, приведен дилер

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Во Охрид вчера во 14.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан