• понеделник, 23 декември 2024

Претрес во Гостиварско, приведен дилер на марихуана 

Претрес во Гостиварско, приведен дилер на марихуана 
Скопје, 30 јануари 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 16:30 часот го лишија од слобода Ш.Ј.(21) од гостиварското село Равен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Како што информира МВР, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во село Равен, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.вј/вг/

Остани поврзан