• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер

Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Синоќа во Виница полицијата го лишила од слобода Д.Ѓ. (28) од село Јакимово, виничко. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари.

Како што информираат денеска од МВР, потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка.

По документирање на случајот, најавуваат од Министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/нд/

 Фото: МИА архива


     

Остани поврзан