• сабота, 06 декември 2025

Претрес во Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Претрес во Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Скопје, 14  мај 2025 (МИА) - Во заландовското село Дедели, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.О.(43) од село Дедели, соопштија денеска од МВР.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.

- Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, соопшти МВР. цр/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан