• вторник, 05 ноември 2024

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати
Скопје, 14 декември 2020 (МИА) - Полициски службеници вчера извршиле повеќе претреси во селото Долно Свиларе, Општина Сарај, при што се приведени четири лица за кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, соопшти МВР. - Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и предмети поврзани со извршени кривични дела. Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали, информираат од МВР. Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка.фф/дма/  

Остани поврзан