• понеделник, 23 декември 2024

Претпладне сончево и топло со мала облачност, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер

Претпладне сончево и топло со мала облачност, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 6 јуни 2021 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје,  претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени. Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Остани поврзан