• понеделник, 23 декември 2024

Прес-конференција на Миле Талевски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ4

Прес-конференција на Миле Талевски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ4
Скопје, 28 јуни 2020 Градиме држава на слободни граѓани, во која криминалците ќе одговараат за своите злодела. Никој и ништо нема да не’ спречи да успееме во тоа, најмалку Мицкоски и неговата криминална ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатите три години, никој од извршната власт предводена од СДСМ, не помисли да се меша работата на правосудната власт. Напротив, претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше првиот кој го пријави случајот „Рекет“ и тоа во време кога беше премиер, што е најдобар доказ дека обезбедуваме правда за сите. За само три години, ги поставивме основите за правна држава. Сега, на ред е прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители! Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители Ќе биде извршена и темелна ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Времето на купување правда, монтирање случаи и жртви на режим е минато! Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги исполнат желбите на нивниот ментор и нарачател Груевски за обнова на режимот, за нови уцени и закани, нови наместени случаи и воведување на криминална правда! Истовремено, се обврзуваме за ред и дисциплина во институциите. Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт. За секое утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните. Затоа, ќе ја професионализираме. Она што сакам да го потенцирам, е дека ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието. На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново, сваровски судство. Заедно со граѓаните можеме уште повеќе, уште подобро! Центар за комуникации со јавноста на ОО СДСМ - Прилеп ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан