• вторник, 12 ноември 2024

Прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 8 јули 2020 Почитувани, Радмила Шекеринска по објавеното видео снимено во домот на Боки 13 сеуште молчи и бесрамно си тера кампања. Радмила Шекеринска мора да одговори, кога била во домот на Боки 13 и што договарале со Катица Јанева и Бојан Јовановски, двајцата осудени за случајот „Рекет“? Со што тоа на оваа средба било тема за разговор помеѓу Радмила Шекеринска, Катица Јанева и Бојан Јовановски. Па јасно се слуша како Радмила Шекеринска им вели „Јас мислам дека...“? Што е тоа што споделува Радмила Шекеринска и на Јанева и на Јовановски им вели „Јас мислам дека...“. Тоа е одговорот што го должи Радмила Шекеринска. Што бара вториот функционер на СДСМ заедно со Катица Јанева во домот на сопственик на ТВ? Што бара министер за одбрана со двајцата осудени како извршители на најголемиот рекетарски, државно спонзориран криминал. Радмила Шекеринска мора да одговори зошто постојано со месеци ги негираше посетите на домот на Боки 13 и ваквите средби како оваа за која што е пуштена видео снимка на која што седи заедно со специјалниот јавен обвинител и сопственик на ТВ и со нив договара и споделува, размисли? Ова се сериозни прашања, за кои што Радмила Шекеринска мора да одговори, особено што случајот „Рекет“ во јавноста сеуште има дилеми и остана неразрешен до крај. Ниту се земени предвид кажувањата на сега осудените, ниту се вештачени снимките од безбедносните камери, ниту се вештачени телефоните, ниту е земено во предвид дека парите рекетирани во оваа држава, барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Што тоа кријат Радмила Шекеринска, Зоран Заев и нивните марионети во обвинителството Јовески и Русковска? Ова видео е само уште едно во низата докази за спрегата на СДСМ, власта и рекетарското злосторничко здружение. Почитувани, ова е директен доказ за трас-трас Луј Витон правосудство во Република Македонија раководено од СДСМ и Зоран Заев. Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминалот. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе Рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето кичма! Исправи се Македонијо, Одбери Обнова! Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан