• петок, 22 ноември 2024

Премиерот на Црна Гора за штрајкот во образованието: Владата не ги менува одлуките под притисок

Премиерот на Црна Гора за штрајкот во образованието: Владата не ги менува одлуките под притисок

Подгорица, 19 февруари 2024 (МИА) - Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ им порача на наставниците кои од денеска штрајкуваат за да бараат зголемување на платите дека Владата нема да ги менува одлуките под притисок и ги повика да разговараат.

Од синдикатот велат дека штрајкуваат 160 од вкупно 226 основни и средни училишта во Црна Гора.

„Тука сме, имаме убава понуда и нема да ги менуваме нашите одлуки под притисок“, изјави Спајиќ.

Тој потсети дека веќе двапати разговарал со наставниците, дека ветил зголемување на платите, дека Владата „сериозно ја сфатила ситуацијата“ и дека не му е јасно зошто сега штрајкуваат.

Во повеќето училишта од утринава нема настава поради штрајкот на кој наставниците се одлучија по неуспешните преговори со Владата за зголемување на платите за 10 отсто од 1 јануари годинава, бидејќи Владата вели дека може да обезбеди повисоки приходи само од септември, за 15 отсто.

Според Синдикатот за образование, просечната плата во образованието е околу 800 евра, а покачувањето би ја чинело државата околу 18 милиони евра. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан