• понеделник, 23 декември 2024

Премиерот на Киргистан поднесе оставка

Премиерот на Киргистан поднесе оставка
Бишкек, 15 јуни 2020 (МИА) - Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции. „Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните“, нагласи премиерот во соопштение. Тој негираше дека е вмешан во скандалот. Аблгазиев е премиер од 2018 година. зш/

Остани поврзан