• сабота, 23 ноември 2024

Премиерот на Белорусија ќе ја тестира руската вакцина на себе

Премиерот на Белорусија ќе ја тестира руската вакцина на себе
Минск, 3 септември 2020 (МИА) - Премиерот на Белорусија Роман Головченко одлучи да ја тестира руската вакцина против Ковид-19 на себе. За таа одлука претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска го извести рускиот премиер Михаил Мишустин за време на нивната средба, јави агенцијата БелТА. Двајцата државници разговараа за заедничките напори во борбата против коронавирусот, а Лукашенко потсети дека Белорусија ќе биде првата земја што ќе ја добие руската вакцина за коронавирус. - Се радувам што Роман Головченко денеска одлучи да се вакцинира. Сигурен сум дека сè ќе биде добро, рече Мишустин. Покрај тоа, Белорусија ќе се приклучи на последната фаза на дополнително испитување на руската вакцина. Граѓаните ќе можат доброволно да учествуваат во третата фаза клинички испитувања, јави агенцијата ТАСС. На 11 август, Русија стана првата земја што регистрираше вакцина против коронавирус, наречена „Спутник В“. Вакцината, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, беше подложена на клинички испитувања во јуни и јули. Вакцината е заснована на платформа што се користела за добивање на некои други вакцини. паг/  

Остани поврзан