• понеделник, 23 декември 2024

Премиерот Ковачевски во Охрид на Преспа форум за дијалог

Премиерот Ковачевски во Охрид на Преспа форум за дијалог
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, од денеска до 17 јуни 2022 година учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид.На Форумот премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, ќе оствари бројни средби, меѓу кои и со специјалните претставници за регионот, од САД Габриел Ескобар, од ЕУ Мирослав Лајчак, со Розмари Ди Карло, под-Генерален секретар на ООН за политички прашања.Премиерот Ковачевски како главен говорник ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, на 17 јуни 2022 година, во 9:30 часот.На панел сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.На Форумот кој се одржува од 16 до 18 јуни 2022 година се очекува присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставници на тинк-тенк организации кои ќе разговараат за иднината на Западниот Балкан. дма/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан