• сабота, 29 јуни 2024

Премиерот Заев во посета на „Ист Гејт Мол“ во Скопје

Премиерот Заев во посета на „Ист Гејт Мол“ во Скопје
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети „Ист Гејт Мол“ Скопје, каде со засилена динамика се одвиваат градежните активности. Како што информираат од Владата, заедно со премиерот Заев, ќе бидат и  вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши кои со менаџментот на „Скопје Ист Гејт“ ќе направат обиколка на локацијата и ќе се информираат за инвестициските активности до финална реализација на проектот. дма/са/

Остани поврзан