• вторник, 11 јуни 2024

Премиерот Заев во Делчево на почеток на изградба на современ градски пазар

Премиерот Заев во Делчево на почеток на изградба на современ градски пазар
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе го посети Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар.
За реализација на проектот, како што информираат од владината прес-служба, обезбедени се 33, 5 милиони денари. Градскиот пазар е со површина на градежна парцела од 11.599 м2 и површина за градење на  6 944 м2.
На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. дма/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан