• сабота, 21 декември 2024

Премиерката на Исланд, Јакобсдотир најави дека ќе поднесе оставка, ќе се кандидира за функцијата претседател

Премиерката на Исланд, Јакобсдотир најави дека ќе поднесе оставка, ќе се кандидира за функцијата претседател

Рејкјавик, 5 април 2024 (МИА) - Исландската премиерка Катрин Јакобсдотир денеска најави дека ќе поднесе оставка за да се кандидира за претседателската функција.

Во видеото снимка објавена на Фејсбук, таа соопшти дека планира да се кандидира на претседателските избори закажани за 1 јуни, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет, пренесува јавниот сервис РУВ.

Се уште не е познато кој ќе ја наследи Јакобсдотир на премиерската функција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан