• сабота, 23 ноември 2024

Преку КОВАКС програмата ќе бидат обезбедени 330 милиони вакцини за сиромашните држави

Преку КОВАКС програмата ќе бидат обезбедени 330 милиони вакцини за сиромашните држави
Женева, 3 февруари 2021 (МИА) - Програмата КОВАКС ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за неразвиените и земјите во развој. Предвидено е вакцинте да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината. Вакцините преку КОВАКС ќе бидат наменети за околу 3,3 отсто од населението во 145 земји кои се опфатени со Програмата. Околу 240 милиони дози вакцини ќе бидат набавени од АстраЗенека, произведени од индиската компанија Серум Институт, 96 милиони дози ќе бидат произведени во погоните на АстраЗенека и 1,2 милиони дози од Фајзер. Меѓу првите земји што ќе добијат вакцини преку програмата КОВАКС ќе бидат Јужа Африка, Зеленортските ОСтрови и Руанда. ми/

Остани поврзан