• понеделник, 23 декември 2024

Презентирана платформата „Youth Wiki: Форум за младински политики”

Презентирана платформата „Youth Wiki: Форум за младински политики”
Скопје, 28 март, 2022 (МИА) – Во организација на Национален младински совет на Македонија - НМСМ денеска се одржа „Youth Wiki: Форум за младински политики”, кој има за цел да се воспостави дијалог помеѓу младите и младинските организации со носителите на одлуки за младински политики, и да ги вклучи младите и младинските организации во креирањето, спроведувањето и следењето на младинските политики, и да ја запознае јавноста со платформата ЈутВики (Youth Wiki), сеопфатна база на податоци за националните структури, политики и активности кои се однесуваат на младите. Дополнително на настанот беа споделени наодите од спроведениот мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики од страна на НМСМ. Од НМСМ соопштуваат дека во рамки на панел дискусиите беше споделен развојот на младинските политики од изминатата година, новите трендови и приоритети во младинските политики, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и самата имплементацијата на Законот за младинско учество и младински, и научени лекции од изминатите две години. На настанот, Марко Ѓоргиевски, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност истакна дека кога инвестираме во младите да не заборавиме дека тоа треба да е насекаде, подеднакво. - Младите не се само во централните градски подрачја, младите се насекаде. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Еразмус+ нудат најразлични можности за сите и даваат можност за градење на капацитетите на младите и развој на лично и професионално ниво. Да креираме и да инвестираме за и со младите!, потенцира Ѓоргиевски. Од НМСМ посочија дека постои недостаток од стратешки документи конкретно кои се однесуваат на младите, и најчесто младите претставуваат само поглавје во рамки на овие документи. Дополнително, не е доволно креирањето и усвојувањето на ваквите документи, туку клучна е и нивната имплементација, односно на младите навистина да им се обезбеди тие да бидат слушнати од институциите, да им биде обезбеден простор за изразување, и да можат да учествуваат во процеси на креирање политики и донесување одлуки за прашања кои се однесуваат на нив. Носител на ЈутВики (Youth Wiki) за Северна Македонија е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, додека Националниот младински совет на Македонија работи на континуирана анализа и ажурирање на поглавјата на платформата. ЈутВики (Youth Wiki) платформата е достапна на следниот линк.фф/цр

Остани поврзан