• среда, 03 јули 2024

Презентација на резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“

Презентација на резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“

Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Во ОУ „Димитар Македонски“ во Општина Аеродром денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“.

Предвидена е пезентација на проектните резултати со фокус на интервенциите во населба Лисиче. Како што е најавено, на презентацијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џеин и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан. мд/сп/

Остани поврзан