• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на оклопни возила од „Oshkosh Defense“ на полигонот Криволак

Презентација на оклопни возила од „Oshkosh Defense“ на полигонот Криволак
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржи презентација на моделите на лесните тактички оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle) на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија. На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин. За време на презентацијата, претставниците на медиумите одблизу ќе имаат можност да се запознаат со карактеристиките и способностите на возилото, а за заинтересираните медиуми ќе има можност да влезат во делот за екипажот на оклопните возила и да имаат тура со возење низ теренски услови со цел директно да се запознаат со перформансите на возилата. Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење заштитни маски во група. нд/хс/ Фото: МИА архива

Остани поврзан