• сабота, 06 декември 2025

Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата

Презентација на нови 29 лесни оклопни возила за Армијата

Скопје, 15 август 2025 (МИА) – Во касарна „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе бидат презентирани нови 29 лесни оклопни возила JLTV од Соединетите Американски Држави.

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, како што е најавено, ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите возила. аа/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан