• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија мора да ги земе предвид. - Во контекст на засилениот дијалог меѓу владите на двете земји, се наметнува потреба да и ги воочиме на јавноста црвените линии преточени низ конкретни, а не декларативни принципи и решенија кои политиката мора да ги испочитува за да обезбеди трајно, вистинско и одржливо решение на проблемот со Бугарија. Обврските кои ќе ги преземе македонската држава неповратно ќе ја определат нашата иднина и улога во ЕУ. Треба да сме свесни дека со прифаќањето на бугарските барања, тие стануваат дел од пристапниот договор на државата со ЕУ, ако и кога ќе дојде тој момент, информираат од Институтот за демократија. Како што најавуваат, воведни обраќања на настанот ќе дадат директорката на ЕПИ Симонида Кацарска и претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски. На панел дискусијата ќе се обратат Катерина Колозова, директорка на Институтот за општествени хуманистички науки, Никола Димитров, поранешен вицепремиер задолжен за европски прашања, поранешен министер за надворешни работи и нерезидентен фелоу на IWM во Виена и Марјан Ѓорчев, претседател на Македонското Пан-европско граѓанско движење.фф/лв/

Остани поврзан