• четврток, 07 ноември 2024

Презентација на дигитална алатка за кариерно насочување на младите

Презентација на дигитална алатка за кариерно насочување на младите
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - Дигитална алатка за кариерно насочување, од оваа недела ќе биде достапна за бесплатно користење за сите млади луѓе кои се пред комплексната одлука за избор на кариера. Креаторите на алатката од Brainster, посочуваат дека целта на алатката е да прерасне во значаен прв чекор во процесот на кариерно советување и да ги поттикне младите навремено да се насочат кон професијата којашто навистина ја сакаат и да истражат што повеќе пред да донесат одлука.
-Според нашите истражувања, над 60 отсто од лицата кои се запишуваат на нашите програми доѓаат со намера за целосна преквалификација што укажува на фактот дека младите често грешат во изборот на својата кариера. Нивната просечна возраст е 29 години, што значи дека во голем број од случаите, пропуштено е драгоцено време кое може многу да влијае на кариерниот развој на младите луѓе, со тоа и на квалитетот на животот генерално, велат креаторите на алатката која  ќе биде презентирана денеска онлајн. вг/ац/

Остани поврзан