• четврток, 19 декември 2024

Презентација на бесплатна правна помош во Куманово

Презентација на бесплатна правна помош во Куманово

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош како и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги, денеска во Куманово ќе биде организиран настан за подигање на свеста од 9:30 часот пред градскиот пазар.

Настанот е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, кои ќе се одржат во различни региони во државата со цел да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.

Јавните промоции ќе допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. 

За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Иницијативата е организирана во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“. ар/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан