• вторник, 05 ноември 2024

Пред министрите Информацијата за работата на Групата за еднакви можности на жените и мажите

Пред министрите Информацијата за работата на Групата за еднакви можности на жените и мажите
Скопје, 20 септември 2022(МИА) - На денешната седница на Влада, пред министрите се најде Информацијата за работата на Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика. - Интер-ресорска консултативна и советодавна група (ИРГ) за еднакви можности на жените и мажите е составена од функционери, раководни државни службеници, претставници на граѓански организации, здруженија на работодавци, експерти, претставници на локалната самоуправа, синдикатите и други субјекти, информираат од Владата. Групата се грижи за промоција на концептот за  вклучување на родовите аспекти во генералните политики на сите јавни институции. - ИРГ ја следи интеграцијата на концептот во секторските политики во соработка со социјалните партнери и институциите од поединечните области, го следи прогресот на хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ и европските стандарди од областа на родовите прашања; учествува во подготовката и дава насоки во процесот на подготовка на Стратегијата за родова еднаквост и ги следи периодичните извештаи од институциите, истакнуваат од Владата. Оттаму додаваат дека, во текот на 2021 година, членовите на ИРГ имале активности во врска со разгледувања на сите стратешки документи, кои се однесуваат на оваа тематика, придонесувајќи за унапредување на родовата еднаквост. ир/сп/

Остани поврзан