• петок, 22 ноември 2024

Предупредувачки штрајкови во германскиот јавен сектор

Предупредувачки штрајкови во германскиот јавен сектор
Берлин, 22 септември 2020 (МИА) - Вработените во јавниот сектор во Германија денеска почнаа кампања со кратки штрајкови барајќи значително зголемување на платите, меѓу кои и на вработените во болниците и центрите за грижа аа децата. Главното барање на синдикатот „вер.ди“ е зголемување на платите за 4,8 отсто или минимум за 150 ерва месечно за околу 2,3 милиони вработени во федералните и локалните служби во текот на следната година. Предупредувачките штрајкови се честа тактика на германските синдикати и вобичаено траат од неколку часа до ден или два. Претседателот на синдикатот Франк Вернеке за телевизијата ЗДФ изјави дека синдикатот повикува на предупредувачки штрајкови во следните денови во јавниот сектор ширум Германија. - Постои посебно голем притисок и големи очекувања, во болниците, така што фокусот ќе биде таму. Ќе има и други фокуси. Јасно е дека штрајковите во дневните центри се исклучително чувствително прашања и не се популарни и на тоа ќе работиме на умерен начин, посочи Вернеке. ми/

Остани поврзан