• петок, 22 ноември 2024

Предлог мерка притвор за скопјанец осомничен за повеќе разбојништва во аптеки

Предлог мерка притвор за скопјанец осомничен за повеќе разбојништва во аптеки
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец осомничен дека сторил шест кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и еден „обид за разбојништво“. Осомничениот, на 13 октомври, со употреба на сила и сериозна закана со нож, одзел 25.000 денари од аптека во Аеродром. Од истата аптека, на 2 ноември противправно присвоил уште 21.000 денари. - На 25 октомври од друга аптека во Аеродром на сличен начин одзел 12.000 денари. Истиот осомничен, заканувајќи се со нож на вработените, на 27 октомври од аптека во Гази Баба одзел 24.000 денари. На 27 септември, осомничениот влегол во аптека во Карпош, заканувајќи им се на вработените со нож одзел 40.000 денари. На 18 октомври, пак, од регистар касите во аптека во Кисела Вода одзел 48.756 денари. Вкупно, со шест разбојништва извршени на сличен начин, осомничениот од аптеки во Скопје противправно присвоил над 170 илјади денари, соопшти Службата за односи со јавност при Јавно обвинителство на Република Северна Македонија. Тој е осомничен и дека на 22 октомври се обидел да изврши разбојништво во уште една аптека во Карпош, но откако вработената го предупредила дека го активирала алармот, избегал без да ги одземе парите. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, се наведува во соопштението, јавнот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и за повторување на делото.​​ цр/сп/

Остани поврзан