• недела, 22 декември 2024

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура од административни причини

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура од административни причини

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини. Тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение.

- Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Владата.

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан